Челси си закажа ново финале со Ливерпул, овој пат во ФА Купот

1 min read

Фудбалерите на Челси обезбедија пласман во финалето на ФА Купот откако го совладаа Кристал Палас во полуфиналето со 2:0 и си закажаа ново финале со добро познат противник.

Во финалето што ќе се игра на 14 мај на „Вембли“ Челси ќе игра против Ливерпул. Овие две екипи играа и во финалето на Лига Купот, а победата му припадна на Ливерпул кој беше подобар во пенал серијата.

Победата на Челси против Кристал Палас му ја донесоа Рубен Лофтус-Чик и Мејсон Маунт.
Првиот гол беше постигнат во 65 минута Лофтус-Чик го проби бедемот пред голот на Батланд.

Конечниот резултат го постави Мејсон Маунт во 76 минута по асистенцијата на Тимо Вернер.
Челси на 14 мај ќе игра за деветтиот пехар во ФА Купот но и за одбрана на титулата освоена минатата година, додека Ливерпул ќе игра за освиот пехар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Влада предупреди: На штрајкувачите ќе им се исплатат само придонесите, децата и учениците треба да ни се на прво место

Следно

ВИДЕО | Сергеј коментира: Дали Македонките имаат вкус за мода – кои ѕвезди се визуелна катастрофа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian