1МФЛ: Мартинага ја искачи А. Пандев на второто место на табелата

1 min read

Фудбалерите на Академија Пандев славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Ренова и со трите бода се искачија на второто место на табелата. Пандевци по 28  кола имаат 55 бода, два повеќе од Шкендија и Македонија ЃП.

Херој на Академија Пандев е хрватскиот интернационалец Марко Мартинага кој со гол од 25 метри од слободен удар го постигна единствениот гол на натпреварот.

Екипата на Шкендија откако се откажа од титулата бидејќи Шкупи има 15 бода повеќе од нив, не игра убедливо и денеска во Штип одигра без голови против Брегалница.

Екипата на Тиквеш со 1:2 славеше на гостувањето кај Скопје и тоа со пресврт. Скопје поведе со голот на Најдоски, додека Тиквеш преку Каракамишев и Спахиу дојде до триумф.

Резултати:
Брегалница – Шкендија 0:0
Скопје – Тиквеш 1:2
Ренова – Академија Пандев 0:1
Борец – Струга 2:0
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Пелистер – Шкупи 0:1

ТАБЕЛА: Шкупи 68, А. Пандев 55, Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Тиквеш 27, Скопје 26, Борец 18, Пелистер 10

www.slobodenpecat.mk

Претходно

БЕСА го поддржува продолжувањето на штрајкот на просветните работници

Следно

Домашни апарати кои „голтаат“ струја дури и кога не работат: Со овие совети ќе ја намалите сметката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian