Денеска во рамките од 33 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе како домаќин со 4:1 беше убедлив над Емполи.
Домаќините водеа по првото полувреме после автоголот на Исмајли во шестата минута. На стартот од вториот дел беше зголемена предност преку Деулофеу (52`).
Намалија гостите со голот на Пинамонти од пенал во 70 минута, потоа за 3:1 се погрижи Пусето (79`), а конечниот епилог го постави Самарџиќ (87`).
Во 90 минута во игра влезе македонскиот напаѓач Илија Несторовски како замена за Деулофеу, но не се запиша во листата на стрелците.
За тимот од Удине ова е веќе трет триумф во низа за моментно 11 позиција во генералниот пласман со 39 бодови, додека Емполи е на 14 место со 34 бодови.
Се одиграа уште две средби од оваа рунда: Каљари – Сасуоло 1:0 и Сампдорија – Салернитана 1:2.