ВИДЕО: Шок за Тотенхем, Тросар му донесе огромна радост на Брајтон

1 min read

Тотенхем до стартот на денешниот натпревар имаше серија од четири победи во низа, а истата ја прекина Брајтон како гостин со 0:1 на теренот во Лондон.

Играчите предводени од менаџерот Антонио Конте ја имаа фаворитската улога, но истата не ја оправдаа пред своите верни навивачи.

Брајтон стигна до својата деветта победа сезонава во Премиер лигата, со погодок реализиран во самиот финиш од средбата.

Стрелец на единствениот гол беше белгискиот интернационалец Тросар кој им избега на противничките дефанзивци и од непосредна близина ја затресе мрежата на Љорис за голема радост на гостинските фанови.

Тотенхем е на четвртата позиција во генералниот пласман со 57 бодови, додека Брајтон е на 10 место со 40 бодови, колку што има и деветтопласираниот Лестер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мета не е заинтересиран кој ќе го наследи на функцијата, но битно е да го почитува Уставот и да ги штити националните интереси

Следно

ВИДЕО | Алек Болдвин им одговори на сите кои постојано прашуваат зошто има толку многу деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian