ВИДЕО | Ким и Клои Кардашијан побарале посебен третман во „Дизниленд“: Создале само гужва и гнев!

2 mins read

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како Ким и Клои Кардашијан се забавуваат со децата во „Дизниленд“, Париз. Имено, во забавниот парк побарале посебен третман како познати личности и со тоа предизвикаа бес во јавноста.

Имено, тој ден сестрите Кардашијан решиле да го прослават роденденот на ќерката на Клои, Тру. Претходно Кардашијан ѝ приреди луксузна забава покрај базен на својата ќерка.

Славните Кардашијан ги снимила тикток-ѕвездата Рејчел Кевин и објави видео на својот профил кое предизвика лавина коментари.

„Кога Кардашијан ќе ја преминат границата, тие сами се возат и не тераат нас обичните луѓе да чекаме и да ги гледаме… Типично“, напиша Рејчел во описот на видеото на кое се гледаат само сестрите со нивните деца како се возат на рингишпил.

@shesbrewing Thanks a lot @Kim Kardashian #disneyland #madteaparty #kardashians #kimandkourtney ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

„Ова не го направи ниту принцезата Дајана…“, „Дизниленд треба да организира денови кога би можеле да дојдат само познати личности“, „Воопшто немаат култура“, „Мене би ми било непријатно да го направам ова“, „Зошто едноставно не го изнајмат целиот забавен парк?“, „Никогаш нема да го разберам ова. Воопшто не се грижат за другите луѓе“, „Ужас, колку безобразно“, се само дел од коментарите.

Еден од корисниците на социјалната мрежа се присети дека дури и Карди Би еднаш уживала во истото возење, но таа била со другите посетители само што имала обезбедување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Драма во Торино, Влаховиќ во 95 минута му донесе бод на Јуве

Следно

Захарова: С. Македонија продолжува да ја следи русофобијата на Западот, ќе има реципрочни мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian