ВИДЕО | Алек Болдвин им одговори на сите кои постојано прашуваат зошто има толку многу деца

1 min read

Познатиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија се горди родители на шест деца, а нивното големо среќно семејство наскоро ќе добие уште еден член.

Актерот неодамна објави симпатично видео на својот инстаграм-профил во кое неговата ќерка Марија Лусија радосно гука и се смее.

64-годишниот Болдвин ја искористи оваа прилика и се осврна на честите коментари за неговото многудетно семејство.

„Луѓето прашуваат „Зошто“? Ова е причината. Да се ​​биде родител е ултимативно патување“, им одговори тој на сите оние кои постојано коментираат зошто има толку големо семејство.

Тој и неговата сопруга Хиларија, инструкторка по јога, го чекаат седмото дете и поради тоа не ја кријат среќата. Тие веќе се родители на ќерките Кармен (8) и Марија Лусија (1) и синовите Рафаел (6), Леонардо (5), Ромео (3) и Едуардо (1).

Ѕвездата на „30 Rock“ има и 26-годишна ќерка Ајрланд Болдвин од бракот со поранешната сопруга, актерката Ким Бесингер.

Инаку, Хиларија кон крајот на март објави дека во семејството Болдвин пристигнува седмото бебе.

„По многуте подеми и падови што се случија во изминатите неколку години, имаме возбудлива вест и големо изненадување: уште еден „Балдвинито“ доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, а ова изненадување многу не израдува“, напиша Хиларија Болдвин во описот на видеото кое се гледа среќата на другите членови на семејството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Шок за Тотенхем, Тросар му донесе огромна радост на Брајтон

Следно

Петков од Битола: Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian