Велигденски јајца: Како да спречите да не испукаат при варањето?

3 mins read

Процесот на варење јајца иако звучи едноставно, за многу луѓе е голем предизвик – особено за Велигден. Веројатно ќе се сложите дека нема поголемо разочарување од моментот кога ќе сфатите дека голем број од внимателно одбраните јајца предвидени за празничната трпеза испукале за време на варењето. Тоа е фрустрирачко, но не грижете се – имаме неколку корисни трикови кои можат да го спречите тоа!

Боењето и украсувањето јајца за најголемиот христијански празник е забавно и за најмладите и за постарите, но ако испукаат јајцата додека се варат, ќе мора да се помирите со помал број велигденски јајца или во последен момент да купувате нови. Важно е да се земат предвид неколку работи кога варите јајца.

 

Најпрво важно е водата да не зоврива премногу и јајцата да имаат доволно простор во тенџерето. На тој начин нема да се судираат и да се оштетат. Некои дури полека ја мешаат водата додека не зоврие, па ги ставаат јајцата да се варат неколку минути, го гасат огнот и ги оставаат во таа вода уште половина час.

Освен температурата на водата и јајцата, сигурно сте слушнале за советот дека една лажица оцет ќе спречи пукање на лушпата, а друг совет е дека солта ја има истата моќ. Нема да биде лошо да ги ставите и двете.

 

Иако белите јајца се многу популарни денес затоа што боите секогаш „фаќаат“ поубаво, треба да знаете дека нивната лушпа е многу потенка и шансите да пукат додека се варат се многу поголеми. Ако тоа се случи, не очајувајте, можете да ги искористите, на пример за француска салата или да ги послужете со велигденскиот појадок.

 

Да се ​​изберат совршени јајца не е лесно, а иако побарувачката за домашни е многу голема, тешко е да се препознаат. Најчеста разлика во однос на индустриски произведените јајца е бојата на жолчката – таа е поинтензивно жолта.

Ако се сомневате во квалитетот на јајцата што сте ги купиле, ставете ги во вода и гледајте дали ќе потонат бидејќи расипано јајце останува да лебди.

 

Можете да го земете јајцето во рака и да го приближите до увото. Протресете го и слушајте го звукот што доаѓа од внатре. Ако не слушате никакви звуци, тогаш е свежо и добаро за консумирање. Ако јасно се слуша звук од јајцето, најверојатно е старо и не треба да го користите за јадење.

Кога ќе го скршите јајцето, ако жолчката е оставена цела и цврста, тоа значи дека јајцето е свежо, а ако се разлее, тоа не е добар знак, но не значи и дека е расипано. Ако ставите јајце во сад со вода и тоа веднаш – како камен – потоне на дното, тоа значи дека е сосема свежо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анчелоти: Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Следно

Мицкоски: Немаме информации што се преговора со Бугарија, недолично е да се прифаќа одбиен предлог

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian