Студенти од ДУТ повикани во полиција поради објавена снимка од професорката Бесијана Мемеди

3 mins read

Двајца студенти кои пред неколку дена учествуваа на протестот против однесувањето на професорката на Државниот универзитет во Тетово, Бесијана Мехмеди, се повикани во полиција поради објавена аудиоснимка, објави Алсат.

Студентите Арди Лена и Блерон Велиу велат дека не сториле кривично дело. Велиу вели дека бил во полиција, додека Лена за Алсат изјави дека е во Струга и очекува поканата да му стигне до тамошниот сектор за МВР.

„Дотичната професорка Бесијана ме обвини дека на 21.03.2022 година сум снимал без нејзина дозвола и снимката сум ја објавил на Youtube. Јас во својата изјава ги отфрлив овие обвинувања затоа што јас не сум ја објавил. Не знам кој го сторил тоа“, изјави Блерон Велиу, студент

„Ја известив полицијата дека сум во Струга и нема да можам да одам во Тетово, па тетовската полиција во мое име ја испрати пријавата до Струга, и очекувам струшката полиција да ме повика бидејќи сè уште не знам каква жалба има за мене. За студентот Блерон Велиу се знае, но за мене немам точни информации за какво обвинување станува збор“, изјави Арди Лена.

Во понеделник студентите по музика на Факултетот за уметности ќе одржат состанок на кој ќе одлучат за следните чекори. Ја разгледуваат можноста за приватна тужба против професорката Мемеди, за нејзиното однесување кон нив.

Распитот на студентите предизвика и политички реакции. Од Алијанса за Албанците велат дека полицијата била „окупирана од ДУИ“ и оти власта треба „да престане со методите на УДБА“.

„Денес кога ДУИ и целиот државен апарат беа ставени во служба и заштита на професорката-насилник, чувствуваме обврска директно да се ставиме во заштита на студентите. Секогаш ќе бидеме покрај студентите“, велат од Алијанса за Албанците.

Од Беса, пак, обвинуваат дека власта се обидува да ја задуши слободата на говорот.

„Распитот на студентите кои протестираа е задушување на слободата на говорот и доказ дека продолжува хибридниот режим кој влева страв и ја спречува креативноста на младите. Ја осудуваме секоја акција насочена кон замолчување на студентите, притисок врз нив и влевањето страв“, велаат од Движење БЕСА

Студентите минатата недела излегоа на протест и започнаа со бојкот на предавањата, барајќи одговорност за однесувањето на професорката Бесијана Мехмеди, која според нив, ги навредувала, им се заканувала и ги малтретирала. Таа пак, ги негираше сите вакви обвинувања.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првата жена со силиконски гради: Ги добила бесплатно, трпела страшни болки, но одбила да го тужи лекарот

Следно

ВИДЕО: Драма во Торино, Влаховиќ во 95 минута му донесе бод на Јуве

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian