Србија оди на Мундијалот, со две победи ја елиминираше Словенија

1 min read

Репрезентацијата на Србија го обезбеди пласманот на Светското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во Полска и Шведска.

Најдобрите српски ракометари и на реваншот во Крагујевац триумфираа над Словенија овојпат со резултат 23:20.

По четири голови во победничките редови имаа Радивојевиќ и Илиќ, а на спротивната страна шест запиша Бомбач.

Потсетување дека на првиот меч одигран во Целје славеше составот на Тони Херона беше подобар со 31:34.

Учество на Мундијалот од европската зона досега обезбедија уште Хрватска, Исланд и Унгарија.

Бараж за СП 2023
(во заграда се резултатите од првите натпревари)

Хрватска – Финска 36:22 (34:21)
Србија – Словенија 23:20 (34:31)
Исланд – Австрија 34:26 (34:30)
Унгарија – Израел 31:22 (33:32)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Несекојдневна сообраќајка во Хрватска – возачите имале 98, 91 и 76 години

Следно

ФОТО | „Сите погледи вперени во неа“: Меган Маркл блеска во луксузни стајлинзи во Хаг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian