РФМ потврди: Нема повеќе карти за утрешниот спектакл Македонија – Чешка

1 min read

В недела со почеток од 19.00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе се игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка.

Потсетување дека на првиот дуел одигран во Злин двете селекции ремизираа со резултат 24:24, иако во еден момент од средбата избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа и предност од седум голови разлика (10:17).

Нашите најдобри ракометари се надеваат дека на утрешната возвратна пресметка ќе се надминат себеси и ќе обезбедат ново учество на Мундијалите.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) потврди дека нема повеќе карти за мечот в недела, односно се очекува околу 7.000 гледачи да присуствуваат на трибините.

– Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар „Борис Трајковски“, за пласман на СП 2023 ПОЛ/ШВЕ помеѓу македонската сениорска репрезентација и репрезентацијата на Чешка се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката.

На денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17.30 до 18.35 часот, натпреварот започнува во 19.00 часот.

Ги замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација – информираат од РФМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку пријави за каснување од куче, во Аеродром и Драчево

Следно

Дали замрзнатите овошја и зеленчуци се еднакво здрави како свежите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian