Протекоа детали од средбата во Лондон: Принцот Чарлс одвоил само 15 минути за Хари и Меган

3 mins read

Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува „Daily Mail“.

Принцот Хари и Меган Маркл на тајна посета кај кралицата

Иако, наводно, од безбедносни причини одбил да присуствува на мисата одржана кон крајот на март во Вестминстерската опатија по повот годишнината од смртта на принцот Филип, принцот Хари ги изненади сите со малата промена на планот и пристигнувањето во најголемата тајност во својата татковина за да се сретне со својот татко и баба.

Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија очигледно било доволно за да ја натера кралицата Елизабета Втора да ги пречека него и Меган Маркл со раширени раце.

Иако во јавноста непосредно пред пристигнувањето на принцот Хари и Меган Маркл во Европа се пишуваше дека и овојпат ќе го „прескокнат“ Лондон поради веќе добро познатите причини, сепак направиле отстапка.

Имено, принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко, но кралицата морала да ги „земе работите во свои раце“ и инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, биле во Виндзор во тоа време, немало логистички пречки за промена на планот.

Но, она што е најинтересно од сè е што принцот Чарлс од своето скапоцено време за својот син одвоил само 15 минути, а средбата се случиола околу 10 часот. Според добро информиран извор, Камила им се придржила на средбата, а потоа таа и Чарлс го напуштиле замокот и тргнале во извршување на своите обврски.

И додека многумина мислат дека е сурово, татко и син кои се гледаат за првпат после толку месеци да поминат заедно само 15 минути, добро информираните знаат дека оваа реакција на Чарлс доаѓа по потезите на неговиот помлад син во последниве години кои длабоко го повредиле, како интервјуто со Опра Винфри.

Не помага ни тоа што наскоро наводно ќе бидат објавени и мемоарите на Хари за кои стравуваат сите членови на британското кралско семејство.

Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.

„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Словенија досега влегле 18.500 бегалци од Украина, ќе згрижи и сирачиња од Луганск

Следно

Петков пристигна во Битола, пречекан со транспаренти: „Гоце е Македонија“, „Фашисти пресоблечени во администратори“.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian