Петков од Битола: Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави

3 mins read

Бугарската заедница во Македонија е мост меѓу двете држави, порача премиерот на Бугарија Кирил Петков во обраќањето на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола. Во бугарската делегација е и потпреседателката на нашиот источен сосед Илијана Јотова како и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

„Вашата благосостојба е гаранција за добри односи. Односите меѓу владите се подобруваат. Ковачевски исто така, ја потенцира важноста на искоренување на говорот на омраза и на потребата бугарската заедница во Македонија да се чувствува целосно рамноправна. Денеска е денот на бугарскиот Устав. Основен закон за заштита на слободите. Сметам дека уставните права на бугарската заедница се многу важни и се огромен чекор кон целосна рамноправност меѓу народите, изјави Петков.

Според него, европската иднина на земјава е од големо значење за безбедноста на Балканот.

„Додека работат двете влади, сметам на бугарската заедница да помогне како мост и заедно да ги освоиме срцата и умовите на луѓето“, додаде Петков.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова посочи дека е непходно прво да се решат правата на Бугарите во Северна Македонија за земјата да стане дел од Европската Унија.

Тоа е нашата позиција. Инаку се радувам што сум во Битола и сум дел од овој настан“, рече Јотова.

Слична порака порака испрати и шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска.

Сите сили треба да бидат насочени кон решавање на правата на Бугарите во Северна Македонија, што впрочем е нашата основна цел“, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија.

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, кажа дека сите политичари треба да имаат една цел – правата на Бугарите во Северна Македонија, напоменувајќи дека граѓаните на Северна Македонија во Бугарија имаат подеднакви права со Бугарите.

„Да покажеме на граѓаните кои се тука и кои ни веруваат, дека основната задача на сите политичари ќе биде правата на Бугарите и дека Северна Македонија ќе стане дел од ЕУ. Се радувам што сум тука на откривање на овој центар. Фактот што сме тука е добар знак, пред нас има многу работа“, рече Захариева.

Таа нагласи дека Бугарите во Македонија немале права и дека имало многу жалби за дискриминација.

Властите создаваат тешкотии. Последен пример е автомобилите со бугарски таблици. Граѓаните на Северна Македонија кои живеат во Бугарија, ги имаат сите права како и Бугарите“, дополни Захариева.

Петков пристигна во Битола, пречекан со транспаренти: „Гоце е Македонија“, „Фашисти пресоблечени во администратори“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Алек Болдвин им одговори на сите кои постојано прашуваат зошто има толку многу деца

Следно

ФОТО: Тежок пат за Ѓоковиќ на турнирот „Србија опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian