Петков и Јотова ќе ја посетат Битола

1 min read

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков денеска во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов”.

Бугарскиот премиер придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе промовираат владини проекти на таа држава на кои ќе им претходи средба на Петков премиер со бугарски здруженија на граѓани во земјава.

Во пресрет на посетата на Битола, Петков како прв бугарски премиер кој ќе престојува во градот под Пелистер истакна дека во делегацијата што ја предводи ќе има многу луѓе од различни партии што ќе дадат поддршка на бугарската заедница во Северна Македонија, и кои ќе потврдат дека, како што рече, Република Северна Македонија треба да биде дел од Европа и дека двете страни ќе се движат во таа насока Петков.

По свеченоста во Битола, бугарскиот премиер Петков и министерката Генчовска заедно со своите домаќини, македонските министри за надворешни работи Бујар Османи и за транспорт и врски Благој Бочварски ќе го посетат и извршат увид на електро-енергетскиот проект „Битола 2″ кој е во рамки на Коридор-8 и е наменет за реализација на интерконекција меѓу Северна Македонија и Албанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 16 април: Ден на големи трансформации

Следно

Реконструкција на сите пешачки патеки во Градски парк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian