Несекојдневна сообраќајка во Хрватска – возачите имале 98, 91 и 76 години

1 min read

Неверојатна сообраќајна несреќа се случила во хрватското приморско место Јањина на полуостровот Пељешац, кога се судриле три автомобили, а возачите имале вкупно 265 години, јавија локалните медиуми.

Сообраќајката се случила во четвртокот, а во неа е полесно повреден еден од учесниците, кои имале 98, 91 и 76 години.

До несреќата дошло кога 91-годишниот возач на автомобил, влегувајќи на крстосница, не почитувал предност на минување на друг автомобил, управуван од 98-годишникот, по што удреното возило се одбило од ударот и се судрило со третиот учесник, автомобилот кој го возел 76-годишниот жител на местото, кој доаѓал од спротивна насока, соопшти хрватската полиција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД: Украина треба брзо да набави повеќе муниција, се очекуваат тешки борби

Следно

Србија оди на Мундијалот, со две победи ја елиминираше Словенија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian