Неколку пријави за каснување од куче, во Аеродром и Драчево

1 min read

Два случаи на каснување од куче во Драчево и еден во Аеродром, евидентира МВР во денешниот Билтен.

На 15.04.2022 во 16.00 часот во  Полициска станица Аеродром Е.К.(48) од Скопје пријавила дека на бул. Видое Смилевски Бато била касната од куче скитник.

На  15.04.2022  во 12.00 часот во Полициски станица Драчево Ј.С.(33) пријавила  дека во близина на  игралиште на ул. Коперникова  нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 15.04.2022 во 23.00 часот во Полициска станица Драчево Е.Р.(41) пријавила дека на ул.Јанко Мишиќ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

skopjeinfo.mk

Претходно

Заев: Во време на војна на европскиот континент, видливо е колку е драгоцен Договорот од Преспа

Следно

РФМ потврди: Нема повеќе карти за утрешниот спектакл Македонија – Чешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian