Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа со титула во двојки во Италија

1 min read

Лина Ѓорческа освои уште еден трофеј во дубл, откако заедно со Холанѓанката Ева Ведер триумфираше во Санта Маргерита ди Пула во Италија, турнир вреден 25.000 долари.

Македонската и холандска тенисерка во финалето со резултат 2:0 триумфираа над Хрватките Леа Бошковиќ и Тена Лукас.

Како први носителки Ѓорческа и Ведер беа слободни во првото коло, потоа во четвртфиналето со 6:4 и 6:1 ги елиминираа Елеонора Алвиси и Нуриа Бранкачо, а во полуфиналето славеа против Џасмин Гимбрер и Бибијан Шофс, и двете од Холандија со 6:2 и 7:5.

Ѓорческа има шанса од овој турнир да си замине со уште една титула, и тоа во сингл конкуренција.

А интересно в недела од 14.00 часот за кога е закажан финалниот дуел, за противничка ќе ја има нејзината дубл партнерка, Ведер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Захарова: С. Македонија продолжува да ја следи русофобијата на Западот, ќе има реципрочни мерки

Следно

ФОТО | Инфлуенсерот кој тврдеше дека Ријана раскинала со Асап Роки се извини: Немам оправдување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian