Денешното претпладне го поминав на стрелиштето во селото Водоча каде што се одржа третиот турнир во стрелање летечки мети на стрелачките клубови „Беласица шат“ и „Рефлекс шат“ и ловното друштво „Беласица“ од Струмица, објави денеска на Фејсбук струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

– Навистина, беше посебно задоволството да се гледаат натпреварите во којшто учествуваа поголем број стрелци од стрелачките клубови и ловните друштва во државата. Ги поддржуваме сите спортски дисциплини во коишто се постигнуваат високи резултати, го јакнат натпреварувачкиот дух и го шират пријателството, објави Костадинов.