ФОТО | „Сите погледи вперени во неа“: Меган Маркл блеска во луксузни стајлинзи во Хаг

3 mins read

Принцот Хари и Меган Маркл се вратија во Европа две години откако го напуштија кралското семејство. Војводата и војвотката од Сасекс тогаш го шокираа целиот свет со веста дека решиле да започнат нов живот во Калифорнија, САД.

Но, две години по настанот, кој британските медиуми го нарекоа „Мегзит“ (анг. Megxit), принцот Хари и неговата сопруга Меган со која има две деца пристигнаа во Европа, поточно во Холандија по повод свеченото отворање на „Invictus Games“ – проект на принцот Хари чија цел е да помогне на воените инвалиди.

Посетата на војводата и војвотката од Сасекс во Хаг предизвика голем медиумски интерес, а фотографите го следат буквално секој чекор на славната двојка.

Поранешната ѕвезда на серијата „Suits“ за првиот ден во Хаг одбрала сензационален стајлинг со потпис на луксузниот италијански бренд „Valentino“, кој се покажа како одличен избор.

Меган се појави во елегантна бела поширока јакна, која чини околу 2.100 фунти во комбинација со соодветни прави панталони, високи потпетици од бредот „Aquazzura“ и трендовски капут на „Max Mara“, кој чини 1.700 фунти.

Луксузниот изглед го заокружила со чанта со златни детали од брендот „Valentino“, а се работи за моделот „One Stud“ за кој треба да платите дури 2.400 евра. Меган носеше едноставна фризура со нежни бранови, а елегантниот стајлинг го финиширала со минимален накит и ненаметливата шминка.

Меган денес се појави во полежерен стајлинг за средбата со спортистите на „Invictus Games“ во Хаг. Војвотката од Сасекс се појави во бела маичка и црна јакна со златни копчиња на брендот „Celine“ од 2.400 фунти и светли фармерки од јапонскиот бренд „Moussy Vintage“. Одлучувајќи се за поприроден изглед на шминка, сопругата на принцот Хари за оваа комбинација ја собрала косата во реп во комбинација со очила за сонце „Newman Aviator“ во вредност од 690 фунти.

Овојпат вообичаените високи потпетици ги заменила со рамни балетанки од јагнешка и телешка кожа од брендот „Chanel“ во вредност од 660 фунти и целиот изглед го надополнила со црна чанта „Celine“ од 1.950 фунти.

Меган носеше обетки „Serena Williams Starburst“, изработени од блескаво бело злато од 14 карати, од колекцијата на нејзината најдобра пријателка и нејзината омилена нараквица „Cartier“ од 5.800 фунти која ја носи во многу прилики.

Да потсетиме, принцот Хари и неговата сопруга Меган во тајност ја посетиле кралицата Елизабета Втора во Англија пред да заминат за Холандија. Портпаролот на принцот Хари истакна дека двојката застанала во Обединетото Кралство на пат за Хаг, додавајќи дека Хари претходно рекол дека се надева дека ќе се види со својата баба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србија оди на Мундијалот, со две победи ја елиминираше Словенија

Следно

ВИДЕО: Не може да постои само правото на посилниот, рече Заев пред делегатите на СИРИЗА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian