ФОТО | Карди Би и Офсет го открија необичното име на синот седум месеци по породувањето

1 min read

Раперката Карди Би и раперот Офсет конечно го открија името на нивниот син седум месеци по неговото раѓање.

Карди Би ја сподели првата фотографија од своето бебе на „Инстаграм“, а парот објави дека се вика Вејв Сет Цефус (анг. Wave Set Cephus).

Синот на славниот пар се роди во септември минатата година, а гордите родители до вчера го криеја неговото име и идентитет. Карди на „Твитер“ откри дека името било идеја на нејзиниот сопруг и дека предлогот веднаш ѝ се допаднал.

Семејството позираше за насловната страница на магазинот „Есенс“, а покрај нивните две деца Култур и Вејв, се фотографираа и со децата кои Офсет ги доби од претходните врски.

Офсет покрај децата со Карди, ги има и ќерката Кели (7) и синовите Коди (7) и Џордан (12).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Три од три“ за Несторовски и Удинезе во италијанската Серија А

Следно

Ковид-извештај: 126 нови случаи и 152 оздравени пациенти, нема починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian