Мери Акиевска на најдобар можен начин ја претставува Македонија во бодибилдинг и фитнес на меѓународните натпреварувања.
Акиевска стигна до ново злато на меѓународното првенство ИБФФ Херкулес Гранд При во Скопје во категоријата велнес фитнес во голема конкуренција од повеќе земји.
Нејзиниот квалитет е потврден со доделувањето на ИФББ престижната IFBB International Elite Pro Card, што е престижна желба на сите натпреварувачи.
– Чест е и задоволство на еден ваков прекрасен настан, титулата да ми ја додели докажан шампион Михал Крижанек (од Словачка). Прекрасно е чувството што во рок од една недела добив втора Про Карта и тоа на овој добредојден прв настан на Херкулес Гранд Прих од страна на Претседателот на Македонската бодибилдинг и фитнес федерација Бобан Ѓороски воедно и Мој тренер на кој сум му благодарна прекубројно што заедно работиме, освојуваме, ги браниме боите на Македонија, но и го презентираме нашето знаење и моќ – стои во дел од објавата на Акиевска на Инстаграм.