Вардар им се вратија на победи во Втората македонска фудбалска лига – Запад, откако триумфираше како домаќин против Тетекс со убедливи 4:0 (2:0).
Отпорот на гостинот беше скршен во финишот на првиот дел. Најпрвин Мишковски погоди за 1:0 во 44 минута, а потоа и младиот Парталко погоди во судиското надополнување за 2:0.
Во вториот дел, скопските „црвено-црни“ заиграа исто така добар фудбал, па со два гола на Петковски запиша убедлива победа од 4:0. Ова воедно беше и одлично деби на Бобан Грнчаров на клупата на Вардар во чија корист оди и ремито на Воска Спорт во трката за втората позиција.
Во Втората македонска фудбалска лига – Исток составот на Слога Виница го декласираше Лок. Градско со 8:0, но и нивните конкуренти во трката за влез во елитата, Беласица и Победа исто така беа успешни.
За Слога Виница хет-трик запиша Иванов, два имаше Шуманов, а по еден Митров, Симевски и Сали, а овој висок триумф беше зачинет со дебитантскиот триумф на Мартин Лазаров со 16 години, два месеци и 23 дена, кој потекнува од младинската фудбалска школа на Слога Виница.
2МФЛ – Запад, 23. коло
Резултати: Силекс – Кадино Скопје 5:0, Воска Спорт – Гостивар 0:0, Вардар – Тетекс 4:0, Кораб – Велешка 3:1, Беса 1976 – Охрид 1:0.
Табела: Силекс 59 бодови, Воска Спорт 52, Вардар 46, Тетекс 35, Гостивар 30, Беса 1976 29, Кораб 23, Охрид 22, Велешка 17, Кадино Скопје 6.
2МФЛ – Исток, 23. коло
Резултати: Слога Виница – Лок. Градско 8:0, Беласица – Саса 2:0, Победа – Осогово 2:1, Кожуф Гевгелија – Братство 07 0:0, Кит Го Пехчево – Детонит Јуниор 0:1.
Табела: Слога Виница 51 бод, Беласица 50, Победа 50, Саса 44, Кожуф Гевгелија 28, Кит Го Пехчево 27, Осогово 27, Детонит Јуниор 24, Братство 07 14, Лок. Градско 6.