Викторија Спенџарска Стин ни подготви посен намаз без масло: Совршен додаток во најразлични оброци

1 min read

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активистка во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Здрав рецепт на Викторија Спенџарска Стин: Мафини од морков без глутен

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија денеска сподели посен намаз без масло од семки од сончоглед, кој може да го комбинирате во најразлични оброци.

Потребни состојки:

– 2 чашки семки од сончоглед
– 3 чешниња лук
– 1 чашка вода
– сок од пола лимон
– сол и бибер по желба

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Најпрвин испечете ги семките од сончоглед и чешнињата лук 10 минути на 180 степени. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Овој превкусен намаз е одличен за оние што постат без масло. Оди добро со потпечено лепче или со свеж морков, краставица, целер…

На здравје!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нападната косовската полиција близу границата со Србија

Следно

Владата и СОНК го продолжуваат дијалогот за решение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian