ВИДЕО: Интер повторно е лидер во Серија А

1 min read

Фудбалерите на Интер славеа како гости во првиот натпревар од 33. коло во Серија А над Специја со 3:1 и се искачија на врвот на табелата.
Актуелниот шампион игра се подобро како наближува крајот на сезоната и на пет кола до крајот оствари убедлив триумф над Специја.
„Нераѕурите“ поведоа во 31 минута со голот на Брозовиќ, а победата ја завери Лаутаро Мартинез во 73 минута.

Домаќините во 88 минута успеаја да намалат на 1:2 преку Маџоре, но неизвесноста траеше само четири минути бидејќи Алексис Санчес во 92 минута го постигна конечниот резултат.

Со триумфот над Специја, Интер се искачи на првото место на табелата со 60 бода, еден повеќе од Милан кој во овие моменти го игра својот натпревар против Џенова.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко: Киев ќе ги преименува улиците и плоштадите кои имаат врски со Русија

Следно

Нема деца ниту „+1 гостин“ со вас: Пар ги објави правилата за венчавката, видеото стана хит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian