Сопругата откри која ќе биде следната дестинација на Роберт Левандовски?!

1 min read

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски би можел во претстојниот летен преоден рок да го напушти Баерн Минхен и да отвори ново поглавје во кариерата и тоа во Шпанија.

Во последниот период зачестија шпекулациите дека идниот клуб на Левандовски би можела да биде Барселона чија управа се помири со реалноста дека нема пари за трансфер на Ерлинг Халанд.

Засега ПР машинеријата на германскиот шампион ги демантира сите шпекулации, но денеска масло на огнот долеа сопругата на фудбалерот Ана Левандовска.

Имено, Ана објави фотографија на Инстаграм и порача дека планира да започне да го изучува шпанскиот јазик и побара совет како најлесно да го совлада.

– Поздрав луѓе, ќе започнам да учам шпански јазик, дали имате некаков совет, со задоволство ќе го прифатам – објави Ана Левандовски.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ неодамна објави дека Барселона веќе стапила во контакт со агентот на Левандовски и му понудила тригодишен договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Татко пријавил физички напад врз неговата ќерка

Следно

Бразилецот крајот на пандемиските мерки го прослави со отсекување на ушите: Ако не ми треба маска…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian