„Слободен печат“: Информации и дезинформации ги матат работите меѓу Софија и Скопје

4 mins read

Во печатеното викенд издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

Хроника

Информации и дезинформации ги матат работите меѓу Софија и Скопје: Захариева „дознава“ дека Петков ќе ја прифати преговарачката рамка до јуни?

– Деманти Бугарското МНР го демантираше министерот Османи дека постои документ за надминување на спорот што е прифатлив за Скопје и се чека одговор од Софија, а премиерот Петков повтори дека не отстапуваат од нивната декларација и рамковна позиција.

Обвинителството молчи во интерес на истрагата за убиството на Денис Тот: Каде се криеше Анџело шест дена?

Првообвинетиот Анџело Ѓоргиевски шест дена беше во бегство, иако за него беше распишана потерница. Министерот Оливер Спасовски посочи дека се криел „во објект во Скопје“, но од ОЈО не ни одговорија дали дали првоосомничениот имал помагач односно соучесник што го криел.

 Економија

Го има кај производителите, речиси и да го нема во продавниците: Во борба за масло за јадење летаа краставици

– Министерството за економија упати писмо до сите трговци дека може да продаваат само ограничена количина масло за јадење. Иако не беше прецизирана количината, продавници кај кои има зејтин продаваат по едно шише. Од Министерството за економија тврдат дека кај сите производители во државава има доволно масло за јадење за да ги задоволи потребите на граѓаните. Зошто тогаш го нема во трговијата?

 Свет

Војна во Украина: Руските сили почнаа офанзива врз Доњецк и Луханск

– Со силни артилериски напади руските сили во Украина вчера ја засилија офанзивата во должина на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, притиснале кон Луханск, но и истрелале ракета кон предградие на Киев, каде што, според руското Министерство за одбрана, со проектил „калибар“ истрелан од море била погодна фабриката за машини „Жиљанскиј визар“.

 Скопје

Многу реакции за причините за пожарот кај поранешната фабрика: Дали со пожарот се „чисти“ просторот за изградба кај „Треска“?

– Во наредните денови веројатно ќе има објаснување како се случил пожарот, но по социјалните мрежи веќе се „лоцира“ причината – чистење на просторот за побрзо да се реализира изградбата на згради што се планирани со ДУП на просторот на некогашната „Фабрика“, кој со години стои напуштен и претворен во депонија.

Спорт

Ракомет – Бараж за пласман на СП 2023: Македонија пред последната пречка за пласман на Мундијалот

Откако одиграа реми на гостувањето во Злин, „црвено-жолтите“ в недела вечер ја пречекуваат Чешка во Скопје со големи шанси да забележат победа и со тоа да обезбедат пласман на Мундијалот во јануари. Но и Чесите имаат свои адути…

Утре и специјален прилог „Културен печат“

40 години од смртта на Ацо Шопов: Хуманистичките валери и космополитскиот дух на Шопов не познаваат граници

– Сеќавање На 20 април ќе се навршат 40 години од смртта на Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – Скопје, 20 април 1982), македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.

Интервју –  Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, учесници на 59. Арт-биенале во Венеција: Потсвесно човек секогаш се надева на убави работи

– Павилјон Уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска веќе неколку денови работат на финалниот изглед на проектот „Landscape Experience“ во македонскиот павилјон сместен во „Скуола деи ланери“ во Венеција, а официјалното отворање е закажано за 22 април

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бразилецот крајот на пандемиските мерки го прослави со отсекување на ушите: Ако не ми треба маска…

Следно

Никој како Мурињо, Португалецот по 11 пат во полуфиналето на европските купови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian