Си-Ен-Ен: САД веруваат дека војната во Украина ќе трае до крајот на 2022 година

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порачал на европските сојузници дека, според проценките на САД, руската војна во Украина би можела да трае до крајот на оваа година, објави Си-Ен-Ен.

Според американската ТВ мрежа, повикувајќи се на изјавите на двајца неименувани европски функционери, Блинкен рекол дека со своите колеги разговарал за американската загриженост дека војната може да трае подолго.

-Но, целиот негов ангажман се однесува на тоа што е најдобро за војната да заврши што е можно поскоро, рече неименуван претставник на Стејт департментот.

Многу официјални лица претходно истакнаа дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да трае војната во Украина, но неколкумина од нив рекоа дека ништо не укажува на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги променил крајните цели на операцијата.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Русковска не откри за кого се работи, но за вечерва најави голема истрага

Следно

По Британија и Германија со санкции кон Додик и властите во Р. Српска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian