Од аукциската куќа тврдат дека цената на гитарата би можела да достигне и до 800.000 долари, но тоа е конзервативна процена на цената…
Легендарниот фронтмен на Нирвана, Курт Кобејн ја сними „Smells Like Teen Spirit“ во 1991 година, а гитарата која ја имаше во спотот сега се продава на аукција, пишува CNN.
Спотот на Јутјуб има повеќе од 1,4 милијарди прегледи, а неговиот син „Fender“ од 1969 година стана еден од најпознатите инструменти.
„Ова е една од најпознатите гитари кои некогаш дошле на аукција, сината гитара „Mustang Fender“, една од омилените гитари на Курт Кобејн, изјави Мартин Нолан, директорот на „Julien’s Auctions“.
Нолан додаде дека со гитарата доаѓаат и дополнителни делови кои исто така ги користел Курт Кобејн.
„Гитарата доаѓа со оригинален куфер и ремен за гитара, а тоа им е многу важно на колекционерите кога ќе дојдат на аукција, со тоа се дополнува и потврдува уникатноста и оригиналноста на инструментот“, вели тој.

Аукцијата ќе се одржи во Њујорк, а гитарата на Коебјн е најпознатиот предмет на аукцијата.
Нолан тврди дека гитарата може да достигне цена до 600.000 до 800.000 долари, но дека е тоа „многу конзервативна проценка“.
Дел од парите кои аукциската куќа ќе ги заработи од гитарата ќе бидат донирани за хуманитарна помош, а освен неа на аукцијата ќе се најдат и некои слики од Курт Кобејн.