Русковска не откри за кого се работи, но за вечерва најави голема истрага

2 mins read

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска ексклузивно за емисијата „10 Минути“ на ТВ21 најави голема истрага.

-Подоцна вечерва ќе има соопштение од страна на Обвинитеството за гонење на организиран криминал и корупција и јавноста ќе биде заинтересирана, рече Русковска.

Запрашана за кого се работи оваа нова истрага, таа не соопшти детали:

-Не можеме сега да откриеме затоа што може да предзвика … или нешто да ни се попречи во ова што сега го работиме, рече Русковска.

Таа во емисијата говореше за вчерашниот пожар во поранешната фабрика Треска.

-Оваа постапка исто така ја отворивме по известување од Државното правобранителство. Сметаат дека има некои незаконитости при денационализацијата на фабриката и ние тоа го истражуваме, вели Русковска и додава дека случајот е во предистражна постапка.

Русковска се осврна и на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.

„Во моментот е договорот во четири очи затоа што според законот за јавни набавки, секоја јавна набавка над 400 илјади евра во денарска противвредност мора да биде и меѓународно објавена. Задолжително е да има јавна набавка, но над овој износ мора да има и меѓународен оглас за јавна набавка“, вели Русковска.

Таа вели дека Министерството за внатрешни работи први алармирале за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири.

„После добивањето на известувањето, се даде наредба до Секторот за организиран криминал, односно одделот за економски криминал и почна да се врши проверка“, вели Русковска која во емисијата откри и дека нема да бара втор мандат на чело на Обвинитвото за гонење на организиран криминал и корупција затоа во тој период ќе замине во пензија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градови кои сега сите сакаат да ги посетат: Листата со топ дестинации прилично се промени

Следно

Си-Ен-Ен: САД веруваат дека војната во Украина ќе трае до крајот на 2022 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian