Ременски: Лоши услови има во сите затвори, но Идризово и Истражниот затвор Скопје се посебен проблем

2 mins read

Неделава беше објавен извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во земјата каде имаше поголем осврт кон состојбите во затворите и правосудството.

Затворот во Идризово е најголемиот затвор во Македонија каде што се сместени 60 отсто од затворениците. Таму има сериозно лоши услови.

-Лоши услови има во сите затвори, но Идризово и Истражниот затвор Скопје се посебен проблем. Таму не се инвестира во здравството, затворениците немаат здравствено осигурување, ниту се инвестира во образованието. Освен тортурата и високиот степен на корупуција кај чуварите и управата, во извештаите за земјите во регионот не содржат олку сериозно загрижувачка слика за состојбата во затворите, вели проф. Фросина Ременски за Утрински брифинг.

Таа додава дека невложувањето во затворите може да создаде покриминогена средина и затвореникот кога ќе излезе од затвор нересоцијализиран, тој ќе се врати назад во затвор. Нема образование ни за малолетниците, коментира Ременски и додава дека децата затвореници се сериозен проблем, тие се под седативи, немаат рекреативно едукативна програма.

-Кратењето на финансиските средства е една од причините за лошата состојба во затворите, како и кратењето на кадрите што би требало да работат таму. Во Идризово порано се произведуваше храна, беше самоодржлива единица, а затворениците работејќи имаа чувство на корисност. Општествената стигма на затвореник е страшна и создава проблеми потоа, вели Ременски.

Во санирањето на состојбите со затворите треба да учествуваат повеќе министерства, не само Министерството за правда, а за решавање на проблемите може да се користи и јавно-приватно партнерство, но за тоа е потребна пред сѐ волја, коментира Ременски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принцот Хари и Меган Маркл на тајна посета кај кралицата

Следно

Хабек: Преку штедење до намалување на енергетската зависност од руските горива

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian