Работниците на „Треска” бараат исплата на заостанати плати за две години

2 mins read

Работниците на „Треска мебел” бараат да им бидат исплатени заостанатите плати за 24 месеци и да им се плати година и половина од стажот, беше соопштено на денешната прес-конференција на Синдикалната организација на Конфедерацијата на слободни синдикати при фабриката „Треска”. Синдикалните претставници велат и дека фабриката не е случајно запалена и дека вакви работи се случуваат секогаш пред да почнат да реагираат.

Виолета Атанасиева, застапничка на работниците на „Треска мебел”, на прес-конференција истакна дека работниците се многу револтирани и дека сакаат да знаат што се случува.

– Значи распродаваат, палат, некој нешто сака да направи. Сакаме да знаеме кој сето ова го запали, сакаме да знаеме затоа што сме многу револтирани. Значи штом ќе притиснеме овде, нешто се случува, а ова не е првпат „Треска” да гори. Ова е невидено што се случува во целава наша држава, нагласи таа, во коментар на вчерашниот пожар во фабриката.

Атанасиева додаде дека работникот не се цени во оваа држава и дека, како што рече, треба се да се „раскринка во државата” за да се знае по кој пат да се тргне.

Според синдикалниот претставник Чедо Карафилоски, аргументите се на нивна страна и нема да се откажат.

– А стечајниот управник што прави 17 години, треба и тоа да се праша. Тој 17 години е тука, кажува различни вистини. Што и да го прашаме не ни дава одговор кога не му одговара. Така работите нема да застанат тука. Тој што ќе дојде да инвестира треба да не гази, ќе легнеме таму на влезот на објектот и нека не гази, истакна Каранфиловски.

Тој додаде дека околу 800 луѓе се оштетени и никој од нив веќе нема верба за решение.

– Таман ќе забележат дека се реагира и веднаш нешто се случува. Ова не е случајно запалено, целта е тука да се изградат објекти, рече тој.

Синдикалната претставничка Софија Величковска изјави дека работниците се застапувани од адвокаитте Борислав Крепиев и Марјан Трајковски, кои само еднаш контактирале со нив, по што веќе немале никаков контакт и дека не се јавуваат ниту на нивните телефони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Која е Амина Муади? Дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневери Ријана

Следно

Во Полска досега избегале повеќе од 2,75 милиони Украинци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian