Проруски протести во Белград : Фрлена димна бомба пред зградата на Претседателството на Србија

1 min read

Српските медиуми јавуваат дека група од неколку млади луѓе со качулки и шалови учесници на протестот за поддршка на Русија во Белград, вечерва фрлиле димни бомби на зградата на Претседателството на Србија.

Како што јавуваат новинските агенции при помалиот инцидент немало повредени а полицијата веднаш интервенирала растерувајќи ја групата на луѓе демонстранти пред зградата.

Белградските медиуми информираат дека вечерва во организација на опозицијата во српската престолнина се одржува собир на граѓани пред споменикот на рускиот цар Николај во Белград во знак на протест против последните политики на српскиот претседател Александар Вучиќ кон Русија и гласањето на Белград за исклучување на Москва од Советот за човекови права на ОН.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики

Следно

Интер само два часа беше лидер во Серија А, Леао и Месијас го вратија Милан на врвот

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian