По Британија и Германија со санкции кон Додик и властите во Р. Српска

1 min read

Сараевскиот портал Кликс (Klix.ba) објави дека БиХ неодамна добила официјално известување од Германија дека земјата со голема загриженост ја следи политичката ситуација во БиХ, нагласувајќи дека „видлив е обид на отцепување на Република Српска и нејзиното раководство“.

Во текстот стои дека Германија соопштила дека се неприфатливи чекорите на Народното собрание на РС, кое ги прави од крајот на 2021 година, бидејќи се насочени кон слабеење на државата, кои беа оценети како „голема опасност“.

Во текстот понатаму се наведува дека поради тоа Германија, како еден вид санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и раководството на Р.С. планира да суспендира четири инфраструктурни проекти во Р. Српска вредни 105 милиони евра, до „повлекување на противуставните одлуки во Народното собрание на Р.С. и прекинување на блокадата на државните институции“.

Инаку станува збор за проектите за рехабилитација на Х.Е. Требиње, фаза 4, рехабилитација на Х.Е. Требиње, фаза 3, ветерната електрана Хргуд и собирање на отпадните води во Градишка.

Во нотата доставена до БиХ, Владата на Германија посочува и дека цврсто стои на страната на БиХ и дека решително ќе се спротивстави на секоја политичка и економска дестабилизација на државата преку сепаратистички аспирации од Бања Лука.

Претходните денови, слично како и Германи и Велика Британија им воведе санкции на Додик и на претседателката на Р.С. Жељка Цвијановиќ поради, како што објаснија, обидите за поткопување на легитимитетот и функционалноста на БиХ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си-Ен-Ен: САД веруваат дека војната во Украина ќе трае до крајот на 2022 година

Следно

Се продава најпознатата гитара на легендарниот Курт Кобејн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian