Папата Франциск: Бегалците се поделени, ние сме расисти и тоа е лошо

1 min read

Папата Франциск изјави дека расизмот стои зад фактот што многу земји се поотворени за бегалците од Украина, отколку за луѓето од другите делови на светот.

Говорејќи за италијанската телевизија Раи, понтифот рече дека најслабите секогаш страдале најмногу во војните.

-Бегалците се поделени. Прва класа, втора класа, според бојата на кожата, без разлика дали доаѓате од развиена или неразвиена земја … Ние сме расисти. И тоа е лошо, нагласи тој.

Папата Франциск изјави дека прифаќа дека земјите имаат право да се бранат, но рече дека општото напуштање на мирот е проблем.

-Живееме според идеја каде што се убиваме поради потребата за моќ, за безбедност, за многу работи, рече поглаварот на Католичката црква.

-Ги разбирам владите кои купуваат оружје. Ги разбирам, но не го одобрувам тоа, нагласи тој. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Заев од Конгресот на СИРИЗА: Со Алексис работевме за мир, дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно

Следно

ФОТО: МЗТ Скопје по четири години повторно ќе игра во АБА лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian