Оланд ги повика Французите да гласаат за Макрон во вториот круг од претседателските избори

1 min read

Поранешниот француски социјалистички претседател, Франсоа Оланд, во текот на вчерашниот ден ги повика Французите да гласаат за Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори, во име на „француската кохезија“ и нејзината „европска иднина“.

– Клучни се Франција и нејзината кохезија…и нејзината европска иднина, истакна поранешниот претседател на телевизијата ТФ1.

Како што појасни, тој смета дека екстремно десничарската кандидатка, Марин Ле Пен, би ги „довела во прашање нашите принципи и нашите вредности“.

Во другиот круг од претседателските избори, на 24 април, ќе се бира меѓу Ле Пен и Макрон. Засега, тој има слаба предност, покажаа спроведени анкети, јавија медиуми.

kurir.mk

Претходно

Нема договор за повисоки плати, продолжува штрајкот во училиштата и градинките

Следно

Онколозите го даваат наједноставниот совет: Како да го спречите настанувањето на карцином

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian