Жозе Мурињо може да биде напаѓан поради резултатите на екипите кои ги предводи во последните неколку години, но бројките покажуваат дека Португалецот сепак е „специјален“.
Рома со победата од 4:0 над Бодо/Глимт обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на конференции, а Португалецот по 11 пат е дел меѓу четирите најдобри во европските клупски натпреварувања.
Досега ниту еден тренер нема ваков успех во европскиот фудбал, ниту Гвардиола, ниту Клоп, Анчелоти….
Притоа Мурињо е единствен тренер што успеал своите екипи да ги однесе во полуфиналињата во три натпреварувања под капата на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига на Европа и Лигата на конференции.
Португалецот има шанса да стане и единствениот тренер што успеал да победи во три различни европски клупски натпреварувања. Мурињо со Порто и со Интер победи во Лигата на шампионите, додека со Манчестер јунајтед славеше во Лигата на Европа.
Рома во полуфиналето во Лигата на конференции игра против Лестер.