Нетфликс веднаш ѝ понуди милион долари за серијата, но таа го одби: Погледнете го трејлерот!

2 mins read

Михаела Коел, креаторката и ѕвезда на серијата „I May Destroy You“, најпрво ја понуди серијата на Нетфликс, кој однапред ѝ понуди милион долари, но одби да ѝ даде било каков процент од авторските права.

Таа се присети дека за време на телефонскиот разговор со еден од директорите на Нетфликс побарала пет проценти од авторските права, а од другата страна била пречекана со молк. Потоа, во есента 2017 година, таа потпиша договор со Би-Би-Си кој и даде целосна креативна контрола и сопственост на нејзиното шоу.

Михаела Коел помина долг пат создавајќи ja „I May Destroy You“, новата драмска серија на HBO која се занимава со психолошката реалност и емотивното патување низ кое поминува по сексуалниот напад.

Серијата се темели на нејзиното лично искуство, а откако две години работеше на ситкомот „Chewing Gum“, Коел реши да се погрижи „I May Destroy You“ да ја добие вистинската платформа за емитување. Во пролетта 2017 година, таа ја понуди серијата на Нетфликс и тие веднаш го препознаа нејзиниот потенцијал. Веднаш и понудиле милион долари, но одбиле да и дадат некој процент од авторските права, па Коел ја одбила понудата. Таа, исто така, ја прекинала и соработката со нејзината американска агенција „CAA“ кога сфатила дека тие сметаат и на процент од заработката.

Во интервју за „Vulture Coel“, таа се присети дека од еден шеф на Нетфликс побарала пет проценти од авторските права.

„Од другата страна, завладеа тишина. Потоа таа рече: „Ние не работиме така. Никој не го прави тоа, не е важно“. Јас одговорив дека ако не е важно, навистина ги сакам тие пет проценти“, рече таа.

Жената од друга страна рече дека мора да провери со претпоставените, а потоа од ведро небо рече:

„Михаела, сакам да знаеш дека сум горда на тебе. Ја правиш вистинската работа“.

Тогаш Коел сфатила дека тоа е крајот. Потоа есента ја понудила серијата на Би-Би-Си, од каде ветиле дека ќе и дадат целосна креативна контрола и права на шоуто. HBO подоцна се придружи во копродукцијата.

Сега „I May Destroy You“ е поздравена како една од најдобрите нови емисии на телевизија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: МЗТ Скопје по четири години повторно ќе игра во АБА лигата

Следно

Маричиќ: Договорот од Преспа е симбол на храбри и прогресивни државнички политики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian