Нема деца ниту „+1 гостин“ со вас: Пар ги објави правилата за венчавката, видеото стана хит

2 mins read

Тиктокерката Кејтлин Роско (26) и нејзиниот вереник Тајлер Вајт (31) го снимија видеото кое набрзо стана вирано, а во кое тие ги објаснуваат правилата за својата идна венчавка. Младиот пар од Колорадо за своите гости има неколку едноставни правила, а се однесува за децата, тн. „+ 1 гостин“ со вас, соодветен аутфит и подароци кои младенците обично ги добиваат од гостите.

Правилата, значи, се следните: децата не се добредојдени на венчавката, како ниту „+1 гостинот“ доколку некој планирал да понесе некого со себе. За сите повикани постои пропишан свечен дрескод и парот очекува сите да го почитуваат, а што се однесува до подароците за гостите, овој пар одлучи да ги прескокне.

@kroskxx this was way harder than it looks 🤣🤣 #ImoniCarly #EasyWithAdobeExpress #weddingtiktok #2022bride #brideinspo #altbride #weddingplanning #octoberwedding #bridesoftiktok ♬ original sound – PJack 17

Луѓето главно се сложиле со барањата, наведувајќи ги и своите искуста:

„Ние имавме дрескод и правило за децата. Очувот на мојот сопруг подоцна се пресоблече во фармерки, а бабата на мојот сопруг не сакала да дојде бидејќи една нејзина внука не била повикана“, „Јас добив класичен одговор: ако моите деца не можат да дојдат, не доаѓам ниту јас. Добро, и?““, „Луѓето беа шокирани кога кажав да се облечат формално. Па тоа е венчавка, што друго очекувавте“, гласеа некои од коментарите.

Еден од гостите прашал дали правилото „+1 гостин“ се однесува на оние кои се без партнер и дали е важно колку некој пар е заедно, за да биде повикан и неговиот партнер, по што добил одговор, дека тие дополнително ќе размислат за тоа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Интер повторно е лидер во Серија А

Следно

Заев од Конгресот на СИРИЗА: Со Алексис работевме за мир, дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian