Мокасините се хит во пролетната сезона: Еве како да ги носите за тие да го збогатат вашиот изглед

1 min read

Секоја жена треба да има барем еден пар мокасини, еве зошто…

Оваа година мокасините се вратија на голема врата и полека но сигурно стануваат водечки моден тренд. Оваа пролет, но и летото, едноставно нема да поминат без нив, велат модните експерти.

Тие многу лесно можат да ги заменат високите потпетици, бидејќи се доволно елегантни, а од друга страна и удобни па нема да ви биде тешко во нив да го поминете цел ден.

Исто така, одлични се за заминување на работа, прошетка или кафе со пријателките.

На секој стајлинг му додаваат елегантна нота, а одат покрај се – покрај фармерки, фустани, здолништа… без оглед дали ги имате во црна, бордо, маслинеста или крем боја… тие се непогрешлив избор.

Ние пронајдовме неколку начини како можете да ги носите оваа сезона. Погледнете:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дали кариерата на Ибрахимовиќ е готова по повредата?!

Следно

СОНК викендов ќе одлучува дали штрајкот ќе го стави во мирување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian