Ким Кардашијан го покажа својот „најжежок“ изглед досега: Облечена е како кечер

1 min read

Само еден ден пред нејзината нова серија „The Kardashains“ да ја доживее премиерата, 41-годишната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан излезе на ручек во италијанскиот ресторан „Fornaio“ во Вудленд Хилс, Калифорнија на 13 април, покриена со дезен на пламен.

Ким ја покажа огнената модна изјава, која вклучува црвено кожено здолниште, црвени хеланки, чевли со високи потпетици на „Balenciaga“, соодветни ракавици, меки „Balenciaga“ очила за сонце и ролката со дезен со оган, додека камерите го документираа излегувањето со сестрите Клои и Кортни Кардашијан.

По појавувањето на фотографиите на Интернет, твитерџиите се инспирираа и почнаа да ја споредуваат со кечер и ликови од цртаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пролетна акција на ЈП Водовод и канализација-Скопје во општина Гази Баба

Следно

Реакција на руската амбасада поради протерувањето на уште шест дипломати од државава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian