Касано не е импресиониран од сонародникот: Анчелоти има среќа на клупата на Реал

2 mins read

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во возбудлив двомеч го елиминираа Челси и во битката за финалето ќе им биде Манчестер Сити.

„Кралевите“ на стартот од нокаут фазата не важеа за фаворити, но успеаја да ги елиминираат фаворизираните ПСЖ и Челси, и да си закажат пресметка со уште еден фаворит Манчестер сити.

Но, поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, не е премногу импресиониранстратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Анчелоти со триумфот над Челси, стана првиот тренер во историјата на Лигата на шампионите кој играл во полуфинале во четири различни децении. Анчелоти беше дел од полуфиналето на ЛШ во 1990-тите години со Јувентус, со Милан во 2000-тите и во последните две децении тој успех го повтори со Реал Мадрид.

– Реал одигра лошо и против ПСЖ и против Челси, а Анџелоти имаше многу, многу среќа. Мислам дека среќата ќе го напушти многу брзо. Реал не е толку добар ниту во Ла Лига иако е лидер на табелата. Фудбалерите се чувствуваат добро „под палката“на Анчелоти, но да бидам искрен, не познавам ниту еден играч што тој го создаде – вели Антонио Касано.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, Реал на 26. април ќе му гостува на Манчестер сити, а реваншот ќе се игра една недела подоцна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се продава најпознатата гитара на легендарниот Курт Кобејн

Следно

Д-р Петличковски: Не знаеме што ќе ни донесе есента, ако се појави нова варијанта, вакцинацијата ни е излезот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian