Интер само два часа беше лидер во Серија А, Леао и Месијас го вратија Милан на врвот

1 min read

Фудбалерите на Милан со 2:0 ја совладаа Џенова во 33 коло од Серија А и се вратија врвот на табелата.

Интер ја совлада Специја со 3:1 и два часа беше лидер на табелата, се до последниот свиреж на судијата на „Сан Сиро“ по што Милан се врати на чело на табелата со 71 бод, два повеќе од градскиот ривал.

„Росонерите“ победата ја најавија уште во 11 минута со голот на Рафаел Леао по асистенцијата на Калулу. Фудбалерите на Милан продолжија со нападите, но Салемакерс, Жиру, Леао е успеаја да го совладаат голманот на Џенова, Салваторе Сиригу.

Тоа му успеа на Жуниор Месијас кој во 87 минута го постави конечниот резултат и го врати својот тим на чело на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проруски протести во Белград : Фрлена димна бомба пред зградата на Претседателството на Србија

Следно

Петков повика на национално обединување: Мора да имаме заеднички став РС Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian