Грција продолжува да ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан, вели Иконому

1 min read

Поддршката на Грција за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, уште еднаш ја повтори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, истакнувајќи дека нивната позиција не е променета.

-Нашата земја, јасно е дека ги поддржува влезот и интеграцијата на Западен Балкан во европското семејство, секогаш под услов да се исполнети неопходните предуслови и неопходните услови што европското законодавство ги наметнува за членство на земји во европското семејство. Нашата земја нема направено никаква промена во однос на овие позиции кои ги поддржуваше и во минатото во однос на влез на земјите од Западен Балкан во европското семејство, рече Иконому

На денешниот брифинг што еднаш месечно се одржува во Солун, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас дека е горд на Договорот од Преспа, изразен вчера за време на третиот партиски конгрес, Иконому го повтори нивниот став.

-Тогаш како опозиција, премиерот Кирјакос Мицотакис направи се што беше можно за да не се потпише Договорот од Преспа и паралелно и ја немаме променето оваа наша позиција, рече Иконому.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска: Поддршка за згрижувачките семејства и активностите на СОС Детското село

Следно

Која е Амина Муади? Дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневери Ријана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian