ФОТО | Романтика како од филм: Вљубените Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ уживаат на Санторини

1 min read

Еден од најубавите српски парови ужива на малиот грчки остров Санторини.

Оваа година Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ќе прослават 11 година брак, а иако се повеќе од деценија заедно не престануваат да се изненадуваат еден со друг. Кога се подолго разделени поради професионалните обврски се организираат така што едниот од нив го посетува другиот којшто не се наоѓа во Србија.

Босиљчиќ изминатите неколку месеци работеше на нов филм. Откако тимот ја доведе работата до крај, Јелена Томашевиќ му се придружила на познатиот актер на прекрасниот грчки остров.

Пејачката на својот инстаграм-профил објави неколку фотографии на кои се гледа синото небо на морето, белите куќи и нивната неверојатна љубов.

Иван во последните неколку недели сподели и голем број интересни фотографии со своите придружници, но се чини дека неговото уживање сега е конечно завршено, кога Јелена е со него.

Иван во описот на идиличните фотографии напиша: „Остров само за нас“.

Глетката на Санторини и на овој вљубен пар и нивната љубов, навистина изгледа како онаа од романтичните филмови.

Да потсетиме, Јелена и Иван ја прекинаа врската во 2009 година, но по една година се смирија, а во 2011 година се венчаа. По неколку години, парот доби девојче, Нина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул не ја заборава најголемата фудбалска трагедија, пред 33 години на „Хилсборо“ загинаа 96 навивачи на „црвените“

Следно

Петков негира: Не сум потпишал документ за Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian