Денеска завршува грејната сезонa

1 min read

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија заклучно со денес 15 април завршува редовната грејна сезона.

„Во останатите денови до крај на април, согласно Правилата со цел да им се овозможи комфор на граѓаните доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува“, информираа од Регулаторната комисија.

Доколку УХМР достави прогноза во која се предвидува средна надворешна температура за следниот ден да е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, топланите се должни да испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите.

skopjeinfo.mk

Претходно

Рускиот министер за одбрана Шојгу доживеал срцев удар, тврди руски бизнисмен и противник на Путин

Следно

Нападната косовската полиција близу границата со Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian