Од младоста го возљуби Христа и го замрази овој суетен свет. Заради тоа го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси, се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господа, остави многубројни ученици зад себе. Се претстави во 9 век.
Latest from Blog
За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни
Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја реконструираше владата со цел, како што претходно соопшти, да ја
Џенифер Лопез и Бен Афлек ги разменија брачните завети пред само три недели, а иако нивната
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се наоѓа пред трансфер во редовите на белгискиот гигант Андерлехт. Чурлинов веќе
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави денеска дека примената на одлуките за замена на српските со косовски