Дали кариерата на Ибрахимовиќ е готова по повредата?!

1 min read

Новата повреда на Златан Ибрахимовиќ ја доведе во прашање неговата кариера. Фудбалерот на Милан има 40 години и се почесто е надвор од терените поради повреди, поради што зачестија шпекулациите за неговата иднина.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли верува дека Ибрахимовиќ ќе ја донесе „најдобрата одлука“ за него.

– Сите фудбалери проблеми со повредите, Златан имаше неколку и за жал сега се бори со повредата на коленото. Повредата не дојде поради тоа што направи нешто погрешно или затоа што се трудеше премногу, едноставно се случи. Се надеваме дека ќе се врати пред крајот на сезоната – вели Пиоли.

Во изминатиот период се шпекулираше дека Ибрахимовиќ ќе најави крај на кариерата доколку Милан триумфира во Серија А или евентуално победи во Купот на Италија.

– Мислам дека ништо не е променето. Златан е доволно интелигентен и доволно храбар да го направи најдобриот избор, а ние ќе го поддржиме во неговата одлука – вели Пиоли.

Ибрахимовиќ сезонава во Серија А одигра 19 натпревари и постигна 8 гола

.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ го осуди оружениот напад врз косовската полиција во близина на границата со Србија

Следно

Мокасините се хит во пролетната сезона: Еве како да ги носите за тие да го збогатат вашиот изглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian