ВИДЕО: Желбата на Јунајтед ја елиминираше Аталанта од Лига Европа

1 min read

Фудбалерите на Лајпциг се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, откако во реванш натпреварот во Бергамо ја совладаа Аталанта со 0:2.

Италијанскиот претставник на првиот меч во Германија оствари добар резултат (1:1), но на реваншот ги разочара своите навивачи.

Двата гола за бундеслигашот ги реализираше одличниот Кристофер Нкунку кој ја тресеше мрежата на Мусо во 18 и 87 минута, овој вториот од пенал.

Инаку Нкунку е една од желбите на Манчестер јунајтед кој сака да го ангажира францускиот напаѓач следното лето.

Помеѓу двата погодоци Аталанта можеше да добие пенал откако главниот судија мораше да гледа ВАР снимка. Малиновски изведе слободен удар, погоди некого „живиот ѕид“ во рака, но недоволно за Лахоз да покаже на белата точка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убави вести од Аеродром: Муцунски најави изградба на нов модерен репрезентативен стадион

Следно

Познатиот грчки мит кој Караваџо го претворил во ремек-дело од кое со векови застанува здивот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian