ВИДЕО: Судија на сред натпревар запроси кошаркарка

1 min read

За време на вториот финален натпревар од плеј-офот на женската кошаркарска лига на Црна Гора меѓу Подгорица и Будуќност, судијата Стефан Вуковиќ ја запроси кошаркарката на гостинската екипа, Виолета Лазаревиќ.

Екипата на Будуќност победи со резултат 71:50 и со тоа ја одбрани титулата шампион.

А овој меч исто така ќе остане запаметен по гестот на судијата Вуковиќ, кој клекна на подот пред центарот на Будуќност во 14 минута додека таа стоеше на линијата за слободни фрлања.

Откако црногорската репрезентативка кажа „да“, судијата на својата идна сопруга ѝ подари свршенички прстен, а потоа беа прегрнати кошаркарките од двата тима.

Иако на теренот беа и кошаркарките кои беа на клупата, Вуковиќ не им досуди технички грешки и исклучувања, што е должен да го прави тоа според правилата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанка нападната во нејзиниот дом

Следно

ВИДЕО: Идниот татко при откривањето на полот на бебето заборави дека има девојка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian