ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

6 mins read

Во Америка започна судењето на Џони Деп и Амбер Херд, за време на кое актерот ќе се обиде да докаже дека не бил насилен кон поранешната сопруга, а сето тоа поради написот во „Вашингтон пост“ во кој актерката тврдела дека била жртва на физичко малтретирање.

џони деп амбер хард
Џони Деп и Амбер Херд / Фото: Profimedia

Деп поднесе тужба против Херд, обвинувајќи ја дека лаже, барајќи од неа отштета од 50 милиони долари, а адвокатите на првиот ден од судењето открија дека ќе докажат дека таа била насилна во бракот, како и дека се служела со лаги за го оцрни името на нивниот клиент.

Првиот ден беше откриено дека Деп во текот на кавгата со Херд бегал од неа, како и дека менаџментот „секогаш му изнајмувал друга хотелска соба кога патувале некаде, за да биде што е можно подалеку од неа и нејзиниот бес“. Како причина ги навеле траумите од детството и лошиот однос на мајка му кон татко му, кој на ист начин бегал од бесната сопруга.

Фото: Профимедиа

Вчера сведочеше сестрата на Џони Деп, Кристи Дембровски, која со години е менаџерка на својот помлад брат.

Кристи открила дека таа и Џони биле најмладите во семејството и дека цело време си играле заедно, а потоа раскажала какво насилство трпеле сите од својата мајка.

„Го навредуваше татко ни, го тепаше, а бегаше од неа. Таа и нас не тепаше и не навредуваше – Џони го нарекуваше едноок бидејќи како дете имаше проблем со едното око, па лекарите му го затвориле здравото око за да го зајакнат другото – рекла Кристи.

Кристи открила дека и покрај малтретирањето кое го претрпел во детството, секогаш се грижел за својата мајка.

– Подоцна, кога таа се разболе, тој ја пресели во Лос Анџелес, во куќа директно спроти него и ја посетуваше неколкупати на ден. Плаќаше лекари, медицински сестри, се грижеше за се – рекла Кристи, додавајќи дека во текот на бракот на Деп со Ванеса Паради, никогаш ниту видела ниту слушнала некаква кавга.

„Беа среќни. Беа пријатели. Нивната врска беше нешто посебно“.

Џони Деп со Ванеса Паради/Profimedia

Тогаш дошла Амбер на ред… Кристи признава дека ја запознала на снимањето на филмот „Rum diaries“ во кој била една од продуцентите, како и дека била добра кон неа. Подоцна, кога нејзиниот брат стапил во врска со неа, не се гледале толку многу, но во една прилика таа присуствувала на сцена по состанокот со модната куќа „Диор“.

„Тие сакаа да го ангажираат Џони, имавме состанок со нив, а Амбер влезе во собата. Џони ѝ рече дека тие сакаат да го ангажираат, а потоа видов гадење на нејзиното лице – „Тебе да те ангажираат?! Зошто? Тие имаат стил, ти немаш стил“.

Кристи потоа изјавила дека не била сведок на тепачките кои наводно се случиле, но затоа почувствувала дека нешто не е во ред.

– Знаев дека се караат, па секој пат кога престојувавме во хотел изнајмував друга соба за Џони за да има каде да се сокрие. Забележав дека се однесува исто како кога бевме деца, кога бегаше од нашата мајка. Исто како што и татко ми го правеше тоа“.

Таа исто така признала и дека кога нејзиниот брат ѝ соопштил дека се жени со Амбер, го молела Џони да размисли за тоа.

– Не сакав да брза, не беше во ред. Му реков барем предбрачен договор да потпише, да ги заштити децата на Лили Роуз и Џек, но тој не потпиша – рекла Кристи.

На прашањето на адвокатот зошто не е потпишан предбрачниот договор, Кристи рекла: „Амбер не сакаше да потпише“.

Кристи открила дека ден откако нивната мајка починала во болница, дошла кај Џони за да одат на погребот и да ја изберат опремата за погребот „тој се расправал со неа“.

„Беше нервозен, ми кажа дека се расправаат, а јас збеснав – ден по смртта на мајка ми? Заминав сама, а подоцна, кога се вратив кај него, тој се пакуваше за да отпатува на промоцијата на филмот во Њујорк, која порано беше закажана. Следниот ден Амбер поднела барање за развод. Бев шокирана од тајмингот кога го направи тоа. Тогаш побара и забрана за приближување – бев згрозена… Нема зборови со кои би опишала како се чувствував. Времето кога тоа го направи… ми се згади“.

Почна судењето: Адвокатите на Деп тврдат дека тој трпел насилство од Амбер Херд, а не обратно

Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тагува фудбалскиот свет, почина поранешниот колумбиски репрезентативец Фреди Ринкон

Следно

НАкС: Ќе продолжат разговорите за усогласувањето на Колективниот договор со минималната плата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian