ВИДЕО | Позитива на денот: Средба на куче и коњ која ќе ве разнежни

1 min read

Животот пишува романи, а понекогаш главните ликови многу наликуваат на оние од нашите омилени басни. Среќата на ова мало куче кое првпат се сретнало со коњ е вистинска позитива на денот – штом го здогледало, тоа веднаш ги подало шепите за да го прегрне.

Но, иако кучето се обидувало да стигне до коњот, тоа едвај успевало во својата намера. За да може кучето подобро да го прегрне, коњот се наведнал и му ја олеснил работата.

Снимката од оваа преслатка средба е објавена на социјалната мрежа Твитер и досега има речиси 140 000 предгледи.

„Многу нежно и полно со љубов. Вистински пример за луѓето.“, „Ова е најслаткото нешто што сум го видел. Тие дури ги имаат и истите бои на крзното!“, „Ова ми го направи денот.“, се дел од коментарите под снимката.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ајнтрахт ја „нокаутираше“ Барса, фантастичен гол на Боре

Следно

Како нација сме имунизирани, вели министерот Сали – корона прележале три четвртини од граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian